📣 Отворена е пријавата за 10. генерација на контролери – Почеток: Октомври 2025!

Што е тоа контролинг?

Контролингот на менаџментот му дава стручна поддршка и помага во процесот на одлучување, водење и управување со компанијата.

Тој се развива глобално, неговата еволуција се случува пред нашите очи. Знаењето се пренесува низ целиот свет, потребно е само да се имплементира локално. Денес контролингот е партнер на менаџментот и негов економски советник.

Контролингот овозможува:
  • Дава одговор на прашањата: што и како да се вложува, на кои пазари, кај кои купувачи, кои производи или услуги да се развиваат или избегнуваат.
  • Градење на финансиска стратегија: во кој момент е потребно компанијата да се задолжува и на кој начин.
  • Премин од стратешко кон оперативно планирање: претворање на стратегијата во бројки, т.е. воспоставување на процес на буџетирање.
  • Следење на перформансот на компанијата: врз основа на добиените податоци од контролинг, воспоставување на реални КПИ за сите организациски единици и нивно следење преку системот на контролинг.

На пазарот победуваат фирми кои имаат информации и контрола над деловните процеси!

Контролингот овозможува дирекно намалување на трошоците (8-15% годишно), воведува ред и организација, модерен сметководствен систем, рано откривање на проблеми, подобри одлуки, прилагодливост и конкурентност.

За успешен контролинг се потребни:

  • Едуциран контролер
  • Модерно сметководство
  • ИТ поддршка

Користа од добро поставениот контролинг е многу поголема од вложувањето!!!

Контролингот е филозофија на управување заснована на економска логика и рационалност. Тој користи многубројни податоци за да генерира информации кои му овозможуваат на менаџментот да донесува квалитетни одлуки.

Контролингот е внатрешниот глас и здравиот разум на компанијата.

Контролингот ги анализира отстапувањата од планираното и иницира ревизија на стратегијата кога е потребно.

Контролингот не треба само да ги бомбардира менаџерите со информации, туку да обезбеди јасна, разбирлива и корисна анализа. Контролерот е одговорен за квалитетот на информациите, а менаџерот за одлуките базирани на нив.

Мислења од контролери и менаџери

🚀 Подготвени сте за следниот чекор?

Изберете ја насоката која одговара на вашите цели.
📩 Контактирај не